Најпознатата Бугарка призна за незаборавните ноќи со Берлускони

Од:

По неколку години  шпекулации во медиумите околу  врската со поранешниот премиер на Италија,  Силвио Берлускони, една од најбогатите Бугарки, Дарина Павлова која живее во Рим, кажа пикантни детали за италијанското списание “Оџи”.

Вдовицата на убиениот бугарски бизнисмен, Илија Павлов, тврди дека првата ноќ со премиерот на Италија била незаборавна. “Беше оган и пламен”, се исповеда  Дарина, која кажа дека со Берлускони се запознала пред  8 години во Вашингтон, а малку подоцна започнала нивната врска.

Дарина Павлова себеси се смета за поразлична од другите љубовници на Берлускони и тврдеше дека за неа е најважно да ја зачува љубовта.

Иако за врската со Берлускони  таа тврдеше дека се гради врз взаемно почитување, сега вели дека е разочарана од опкружувањето на Берлускони. Според италијанското списание, Берлускони имал околу 130 љубовници.

Би можело да ве интересира

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две

ЕК: Вотката од Путин за Берлускони ги прекршува европските санкции

А1он

Берлускони: Путин ме опиша како прв од неговите пет вистински пријатели, ми подари 20 шишиња вотка

А1он

ДПА: Берлускони шокира пред изборите со коментар за Путин

Ана Ололовска