Најпопуларните онлајн комуникациски решенија паднаа на тестовите поврзани за безбедност и приватност. Во денешно време такво нешто тешко може да се очекува, но корисниците сепак имаат неколку опции.
Кампањата на ЕФФ (Electronic Frontier Foundation), која се занимава со обезбедување информации, анализирала 39 комуникациски решенија. Меѓу нив се наоѓаат и популарните ВатсАп, Фејсбук Месинџер, Скајп, СнапЧет, Јаху, Гугл Хенгаутс и други, а милиони корисници не се ниту свесни дека практично сите популарни решенија „паѓаат“ во барем едно од седумте основни барања, со цел сервисите да можат да се наречат безбедни.
Можеби не сте слушнале за платформите ЧетСекјур, КриптоЧет, Сигнал/Редфоун, Сајлент Фоун, Сајлент Текст и ТекстСекјур, но станува збор за единствени средства на комуникација кои ги задоволиле сите седум критериуми за безбедност кои ги поставил ЕФФ. Критериумите се поврзани за различни методи на енкрипција, потврда на идентитетот на комуникаторот, отвореноста на кодот и слично.
Фејсбук Чет, на пример, не падна во само два критериуми, енкрипција во сите сегменти на комуникацискиот пат и проверката на кодот. Нешто подобро поминале иМесинџер и ФејсТајм, бидејќи се оценувани како најприфатливи решенија за масовниот пазар.
Во ЕФФ се надеваат дека ваквите проверки ќе доведат до различен притисок врз оние кои ги развиваат апликациите/решенијата за интернет комуникација, а со што ќе профитираат крајните корисници.