Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, и неговата сопруга Мекензи, се согласија на развод од рекордни 35 милијарди долари.
Г-ѓа Безос ќе задржи 4% од акциите во онлајн малопродажниот гигант Амазон кој го основал нејзиниот сопруг.
Таа ќе се откаже од нејзините интереси во весникот “Вашингтон пост” и фирмата за патување во вселената “Блу Ориџин”.
Двојката, која има четири деца, беше заедно 25 години.