Подеднакво старателство врз децата по разводот на родителите бараат граѓански здруженија

Од:

Подеднакво старателство врз децата по развод е главното барање на граѓанското здружение „Наши” и неформалната организација „Децата пред сѐ” што го искажаа на мирен собир денеска пред просториите на Центарот за социјални работи во Скопје.

Како што истакнаа, со тоа ќе се заштитат и децата од манипулација од страна на родителите, ќе се обесхрабри разводот и ќе се оневозможи преку него сопружниците да лечат лични фрустрации преку децата, ќе се укине алиментацијата, судскиот систем ќе се растерети и ќе се стимулираат младите да стапуваат во брак затоа што на бракот повеќе нема да се гледа како на, како што велат, опасност поради финансиско – емотивна стапица која ја претставува опасноста од развод.

Сашо Панговски од здружението „Наши“ нагласи дека мора да се најде нова методологија со која родителите ќе имаат еднаков пристап кон сопствените биолошки деца, освен ако за тоа нема исклучително добра причина.

– Со сегашниот закон и сегашната работа на институциите имаме ситуација во која едниот родител механички се отстранува од животот на детето без никаква посебна причина. Ако односите меѓу родителите се нарушени, тоа не значи дека исто такви се односите и меѓу децата, истакна тој.

Здружението апелира Центарот за социјални работи да не се однесува како суд.

– Судот и Центарот за социјални работи ги имаат помешано своите ингеренции, доказите се носат во Центарот за социјални работи врз кои докази Центарот гради мислење, а врз база на мислењето Судот носи одлука за тоа како родителите ќе ги гледаат своите деца. Тоа е обратна процедура, прво треба Судот да констатира дека нештото е така како што се изјавува и врз база на тоа да донесе пресуда, а Центарот потоа да донесе одлука, ако има причина да има рестрикција за едниот родител, потенцираше Панговски.

Би можело да ве интересира

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Заврши драмата околу разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер

Горан Наумовски

За да и го земе детето по разводот, стружанец извадил лажно уверение дека поранешната сопруга е луда

А1он

Бил Гејтс ја исплати Мелинда ден по разводот, на сметка ѝ легнале акции вредни 1.8 милијарди долари

Жарко Настоски

Мелинда барала развод, нема предбрачен договор – објавени документите за разделбата на Гејтсови

Жарко Настоски

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат по 27 години во брак

Жарко Настоски