Најбизарна трка во историјата: Како Османлиите ги казнувале агите?

Од:

Смитсониан – Вашингтон

Џелатите на Отоманската империја никогаш не биле познати по милосрдие. Доколку случајно би бил жив, тоа би можел да го потврди и младиот султан Осман Втори, кој во мај 1622 година беше убиен така што тестисите му биле ставени под преса.

Отоманската империја со векови владееше на просторите на денешна Турција, на Балканот, Северна Африка и Блискиот Исток, со насилни методи преку кои предизвикувале страв во коски и кај најбунтовните членови на општеството.

Доволно е да ја прочитате книгата „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ и пред очи ќе ви оживеат бруталните техники на казнување на непослушните, од кои најстрашна е набивање на колец. Меѓутоа, со грозна смрт не биле поштедени ниту најблиските султанови луѓе.

Од средината на 15 век во Османлиското царство важи „братоубиствен закон“ кој го напишал Мехмед Втори. Тој претставувал „правилник“ во кој се опишуваат условите за преземање на власта. Братот кој ќе го заземе тронот ги убивал сите останати браќа и сестри, што се сметало не само за дозволено, туку и пожелно, бидејќи на тој начин се спречувал ризикот од бунт и граѓанска војна.

Иако секогаш не се применувал, Мехмедовиот закон предизвикал смрт на повеќе од 80 Османлии во период од 150 години.

Меѓу жртвите се и сите 19 браќа и сестри на султатот Мехмед Трети, од кои некои биле бебиња. Сите се задавени со свилени гајтани, непосредно по стапувањето на власт на нивниот брат во 1595 година.

Поради сите недостатоци, братоубиствениот закон овозможувал најсуровите принцови да дојдат на власт. Новиот закон кој го замени, не бил многу подобар: сите браќа и сестри на новиот султан ги заклучувале во палатата Топкапи во Истанбул, каде живееле и по неколку децении.

Од почетокот на 17 век, генерации Османлии престојувале најчесто во една соба. Оваа палата е сведок на суровоста на отоманското владеење. За да се влезе во неа, посетителите морале да поминат низ Царската капија во која од двете страни биле поставени главите на последните убиени криминалци.

Во комплексот се наоѓал и Првиот суд, низ кој можеле да поминат сите султанови поданици и да побараат правда за себе. Меѓутоа, пред Вториот суд, кој се наоѓа во истиот круг, биле поставени мермерни столбови со отсечени глави на главатарите кои на некој начин го навредиле султанот. Биле полнети со памук, доколку биле везири, или со слама ако биле помалку влијателни во општеството.

Пред централната капија повремено, како потсетник за масовните егзекуции, биле поставувани отсечени носеви, уши, јазици…

Смртната казна била толку вообичаена што во Првиот суд била подигната Фонтана на егзекуцијата, каде што џелатот и неговиот помошник ги мијат крвавите раце, по сечењето на главите на жртвите.

– Фонтаната била најстрашниот симбол на моќ што султанот ја имал над поданиците, пишува историчарката Барнет Милер.

Користена е за време на владеењето на султанот Селим Први (1512-1520). За време на осумгодишното кратко владеење, убил седум големи везири и одредил смртна казна за 30.000 лица. Милер истакнува дека една од најчестите клетви во тоа време била „Дај Боже да станеш везир на Султанот Селим“.

Крвавата работа за султанот ја извршувале претежно градинарите. Тие немале ист опис како денешните. Покрај тоа што се грижеле за султановите градини, тие биле и царински инспектори и полицајци. Исто така, биле и џелати.

Непослушните жени ги ставале во вреќи со камења, по што ги зашивале и фрлале во Босфор. На ваков начин настрадале 280 жени од харемот на султанот Ибрахим (познат како Ибрахим лудиот), бидејќи уживал во изборот на нивните наследнички.

Меѓутоа, можеби и најневообичаен начин што се однесува на смртната казна во Османлиското царство е кога градинарот и неговата жртва се тркаат. Никој не знае како настанал овој обичај. Во секој случај, градинарот имал задача да го повика осудениот, кој знаел зошто е повикан, но морал да молчи, поради пристојност. Потоа морал да испие чаша шербет. Ако шербетот бил бел, тогаш нема зошто да се грижи, но ако е црвен треба да ја очекува трката на живот и смрт.

Повеќето жртви паѓале веднаш по пиењето на шербетот, им пресудувале јаничарите. Меѓутоа, големите везири можеле да трчаат на растојание од околу 300 метри од палатата, покрај градината и рибниот пазар од јужната страна на комплексот, кој гледа кон Босфор, каде што се наоѓало назначеното место за пресуда.

Доколку везирот стигне до капијата на рибниот пазар пред главниот градинар, ќе биде само протеран. Ако го затекне градинарот на капијата треба да очекува дека неговото тело ќе го јадат рибите во Босфор.

Отоманските архиви покажуваат дека овој чуден обичај траел се до почетокот на 19 век. Последниот човек кој трчал за гол живот бил големиот везир Хаџи Салих паша, кој бил босански паша. Тој во ноември 1822 година успеал да добие право на живот, дури и да биде именуван за главен гувернер на Дамаск.

Потоа, обичајот исчезнал, како и самото царство. Османлиите едвај го преживеале 19 век, а во 20-те години на минатиот век Турција оживеа благодарение на тоа што Кемал Ататурк свртел грб на сето она што го претставувало Отоманското царство.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ