На вработен на аеродром му излегол крокодил од авион

Од:

Вработен на аердромот во Мелбурн, останал шокиран, кога го отворил простотор за товар за да го извади багажот, а таму слободно си шетал крокодил. Авионската компанија Кантас потврдила дека крокодилот кој го пренесувале од Бризбејн до Мелбурн, излегол од својот кафез во текот на летот. За среќа ништо страшно не се случило за време на летот, туку “бегалецот“ е откриен по слетувањето.

Непријатната случка, се случила кога работникот задолжен за истовар на багажот го отворил просторот за товар и останал во шок кога видел како таму слободно си шета крокодил. За среќа крокодилот бил од помал вид, а и надлежните на аеродромот брзо се снашле и успеале да го вратат назад во кафезот.

Дејли Мејл пренесува дека во тек е истрага која треба да утврди дали рептилот се наоѓал во соодветен кафез и дали тој бил добро затворен и по сите правила и прописи натоварен во авионот. Ова не е прв инцидент на оваа авиокомпанија. Минатата година морале да приземјат авион во Сиднеј, откако стујардесата открила цело гнездо на стаорци во кабината, пренесува австралискиот Глобалпост.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча