На принцот Ендрју му е забрането да вечера со кралското семејство

Од:

Британското кралско семејство му забрани на војводата од Јорк, принцот Ендрју да јаде со својот постар брат – војводата од Велс, принцот Чарлс и други членови на семејството. Покрај тоа, војводата, кому му се суди за сексуален напад, на гозбата по повод празникот на полковниците на Армијата, беше замолен повеќе да не ја претставува Гренадерската гарда, и беше побарано да го напушти настанот пред да почне вечерата, пренесува „Сан“.

Тој, сепак, на крајот присуствуваше на вечерата како приватно лице. Гласноговорникот на „Кларенс хаус“ истакна: „Гренадерската гарда е претставена од регионалниот генерал-потполковник Роланд Вокер“.

Вирџинија Робертс го тужи вториот син на кралицата за наводна сексуална злоупотреба врз неа кога таа била тинејџерка. Робертс тврди дека била жртва на трговија на педофилот милијардер Џефри Епстин – поранешен пријател на војводата, и била сексуално злоупотребена од војводата Ендрју во Лондон, кога имала 17 години – малолетничка според американскиот закон. Британскиот престолонаследник, деветти во редот, постојано ги отфрла обвиненијата.

Би можело да ве интересира

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Предраг Петровиќ

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он