На кралицата Елизабета и се исполни желба стара 60 години, позира како професионален модел

Од:

Кралицата Елизабета од Велика Британија (93) покажа сосем поинаква страна од онаа на која сме навикнати досега.

Наместо аристократско сериозно држење на позицијата кога позираше за фотографии, на кралицата конечно и се исполни желбата, која ја криеше со години – да се слика со рацете во џебовите!

Фотографијата ја објави списанието „Hello“ по повод објавувањето на книгата на долгогодишната стилистка на кралицата, а портретот кој го овековечи фотографот Бери Џефри ги воодушеви обожавателите ширум светот.

Фотографијата јасно покажува во очите на кралицата колку е среќна што конечно зазема ваква поза за фотографирање, а токму нејзината искрена насмевка го воодушеви половина свет.

Кралицата Елизабета сакаше ваква фотографија уште од нејзиното крунисување, но кралицата Мајка и службениците во палатата никогаш не и дозволија.

Стилистката на кралицата откри интересни информации за останатите фотографии од фотосесијата.

  – Нејзиното величество позираше во различни пози – со рацете во и надвор од џебовите, па ги стави рацете на колковите и имитираше професионални модели. Таа беше толку среќна и природна “, открива таа.

Сепак, Кралскиот совет одлучил дека необичните фотографии на кралицата не се погодни за објавување и само една е одобрена – ретка фотографија на која се гледа насмевката на кралицата од уво до уво.

Би можело да ве интересира

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Предраг Петровиќ

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он