На концертот на Мадона ја запросил девојката

Од:

За време на концертот во Амстердам, поп дивата Мадона, на кратко му ја отстапила бината на млад дечко кој одлучил да ја запросил својата девојка токму на нејзиниот концерт.

Немој да се „глупираш“ со микфонот, договорено? – му се обратила Мадона на младиот дечко и додала низ насмевка: „Направи го тоа со многу чувства и од срце“.

По прашањето дали ќе се омажи за него и потврдниот одговор, следел долг бакнеж на радост на публиката но и на самата Мадона. Таа им честитала и се пошегувала дека одлично „работат со јазиците“ и им препорачала веднаш да си изнајмат соба.

„Ќе ви дадам еден совет, никогаш немојте да водите љубов кога сте бесни и лути и научете да си кажете извини“, ги посоветувала Мадона следните брачни партнери, која зад себе има два брака еден со глумецот Шон Пен и оној со режисерто Гај Ричи.

Би можело да ве интересира

Мадона го остави 37 години помладото момче: „Кога патувањата престанаа и возбудата престана“

Мадона за својот родеден ќе финансира уметнички проект за млади од 250.000 долари

A1on

Мадона „фатена“ со 37 години помлад дечко: Уживаат во Италија

Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

А1он

(ВИДЕО) Цензурираната реклама на Мадона за Пепси конечно објавена по 34 години

Катерина Ѓуровски

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка