Мрмотот Фил прогнозира уште шест недели зима

Од:

Најпознатиот мрмот во светот рано утринава си ја виде сенката со што во САД се прогнозираат ниски температури и зимa подолга за уште шест недели, соопшти „Ведер чанел“.

Мрмотот Пункси Фил од Пунксатани, Филаделфија, секој 2 февруари околу 7:30 часот се извлекува од своето дувло за да се одбележи почетокот на четиридневниот фестивал Денот на мрмотот. Се прави голем банкет, настапуваат бендови, има огномети.

Жителите од овој град сметаат дека живеат во „светска престолнина на времето“, бидејќи Фил всушност е авторитетен глодар-метереолог.

Секундантите во високи шапки го ставаат на трупец и како некакви експерти за мрмоти набљудуваат дали Фил си ја гледа сенката. Ако не тоа значи пролетта настапува мошне брзо и сите се радуваат. Спротивно на тоа, тогаш крајот на зимата доцни со уште неколку ладни и снежни недели.

Сервисот јавува дека прогнозите на Фил, кои се прават од 1864 година, не се засновани на научни факти но сепак се 40 отсто точни. Тој досега си ја видел сенката 106 пати, а не си ја видел 20 пати.

Традицијата потекнува од германските имигранти во овој дел на Пенсиланија. Се вели дека целата замисла со фестивалот на мрмотот е за разбивање на зимската монотонија.

На настанот изутринава дојдоа илајдници да го прослават празникот, откако лани беше откажан поради пандемијата. Во 2020 година на Денот на мрмотот присуствувале рекордни 40.000 луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он