Млади инвоатори ќе ја претставуваат Македонија на глобалниот младински предизвик Generation unlimited – Технологија за планетата 2022

Од:

На финалниот настан на младинскиот предизвик Генерација без граници- Технологија за планетата избрани се два тима, млади иноватори, кои ќе нè претставуваат на глобалниот предизвик Генерација без граници 2022.

Пет тима составени од млади на возраст од 16 до 24 години ги презентираа своите идеи за справување со климатските промени преку користење на дигитални технологии.
Согласно презентациите и оценките на стручното жири, за победници беа избрани тимовите Bio Techno Logic и Green Hot Chili Peppers.

Младинскиот предизвик се реализира преку партнерство наУНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија. Оваа година предизвикот го спроведе Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.

Идеите на младите ќе придонесат за заштита на животната средина, како на национално, така и на глобално ниво. Тимот на Bio Techno Logic создаде автоматизирана и дигитална корпа за органски отпад, која во својата крајна фаза ќе произведува природен биохумус. Од друга страна, тимот на Green Hot Chili Peppers имаат идеја за заштита на животната средина преку изработка на посебна корпа, која самостојно го селектира отпадот и притоа произведува електрична енергија.

Како резултат на иновативните идеи, стручното жири одлучи да награди уште еден тим, со парична награда од 2.500 евра (за унапредување на идејата) и менторска поддршка. Имајќи предвид дека модната индустрија е одговорна за 10 отсто од глобалната емисија на CO2, Oh Swapp Team планираат изработка на мобилна апликација за размена на облека и книги.

На денешниот завршен настан од предизвикот, пред младите се обрати и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. Таа истакна: “Среќни сме што создаваме можности за да развивате идеи за справување со можеби најголемата закана за нашата иднина – климатските промени. Продолжете да верувате во себе и во своите идеи, продолжете да барате одговори и решенија за проблемите што сакате да ги снема. Сите големи иновации започнуваат како идеја и подготвеност за дејствување и јас сум горда што го гледам тоа кај вас денес.“

Леа Липша од Фондацијата Телеком за Македонија ја истакна поддршката која континуирано ја обезбедуваат за социјалните иновации и младински идеи. Таа ги повика младите да веруваат во себе и да ја искористат дадената шанса. „Ние во повеќе наврати сме покажале дека имаме млади луѓе кои можат да се натпреваруваат со своите врсници во светот и да бидат подобри од нив. Технологијата е најдобрата алатка да се справиме со предизвиците денес, искористете ја и покажете му на светот каков потенцијал имаме“ истакна Липша.

Годинава предизвикот го спроведе Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21. Оваа организација реализираше теренска и дигитална кампања, со што ги информираше младите за начинот на аплицирање на овој предизвик. На јавниот повик пристигнаа 40 апликации, од вкупно 127 средношколци и студенти.

Зорица Велковска, ко-основач на БЛИНК 42 – 21 истакна дека организацијата веќе десет години работи со младите, а континуирано се креираат и дигитални алатки кои го олеснуваат секојдневното живеење на сите граѓани.

„Успешното спроведување на предизвикот е потврда дека младите луѓе заслужуваат уште поголема поддршка во нашето општество. Поддршката треба да биде многу конкретна и практична. Преку овој предизвик младите го применуваат своето знаење во пракса, придонесуваат кон поздрава животна средина, но и се поттикнува интеракцијата и комуникацијата меѓу средношколци и студенти од различни градови“, истакна Велковска од БЛИНК 42 – 21.

Кратки информации за победничките тимови:
Bio Techno Logic – Ангела Исовска, Михаела Петровска и Јован Дејаноски се младите креативци кои изминативе месеци работеа на “соил бин” – автоматизирана и дигитална корпа за органски отпадоци, во која отпадот потоа се разградува со помош на калифорниски црви, со што се добива природен биохумус. Со автоматизацијата на процесот на одржување, за функционирање на биоразградувањето, кантата ќе биде едноставна за одржување, со што ќе биде прифатена и применета во домаќинствата и индустријата, а со мобилна апликација ќе може да се управува со уредот и кога не сме до него.

Green Hot Chili Peppers – Никола Коцевски, Љубица Ристовска, Кристина Цоковска, Јован Симоновски и Теодора Петровска се млади студенти-иноватори, екологисти и ентузијасти, кои се дел од тимот Green Hot Chili Peppers. Суштината на нивната идеја е трајно решавање на проблемот со отпадот, соакцент на делот за селекција. Тие развиваат решение за „смарт“ (паметна) корпа, која со сензори ќе го селектира отпадот во неколку категории и на истата ќе бидат поставени соларни панели, со што продуктот ќе биде енергетски ефикасен. Дополнително, ќе изработат мобилна апликација која ќе ги мотивира граѓаните да селектираат, така што тие ќе добиваат одредени поени и придобивки.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО