Мистериозна епидемија во Казахстан

Од:

Градот Красногорск во Казахстан речиси е напуштен и стана вистинска мистерија за лекарите и другите медицински експерти. Наназад една година, во бранови се појавува епидемија на болест на спиење.

Луѓето кои се разболуваат спијат и по шест дена. Никој не знае зошто.

До сега, се појавија неколку бранови од епидемијата, од кои првиот во март минатата година, а последниот, сега во мај. Со болеста спиење биле заразени околу 60 лица, кои откако ќе се разбудат имале привремено губење на помнењето.

Една од жртвите е и Марија Фелк, од селото Калачи во Красногорск.

– Ги молзев кравите како и секое утро и само заспав. Не се сеќавам на ништо освен дека се разбудив во болница опкружена со лекари и медицински сестри, рече Фелк.

До сега на подрачјето на Красногорск направени се повеќе од седум илјади тестирања на тлото и водата за да се пронајде причината на оваа болест, но експертите и понатаму не можат да ги најдат причините за оваа болест.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски