Милијардерите бегаат од вирусот: Побарувачката за приватни острови се зголемува

Од:

Додека многумина сонуваат карантинот да го поминуваат во куќа со двор, милијардерите бараат приватни острови за да побараат засолниште за време на пандемијата на коронавирус.

„Милијардерите кои се затворени во своите апартмани сега сакаат да купат и приватни острови. Побарувачката за приватни острови се зголеми за четири пати во последните шест недели“, вели агентот Џон Кристи.

“Истата ситуација се случи и по терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година. Луѓето беа исплашени и бараа безбедно засолниште. Во овој момент, сите сопственици на приватни острови остануваат таму и планираат да останат до крајот на пандемијата, додека порано таму поминуваа само по два месеци годишно “, рече Кристи.

Еден од приватните острови на милијардерот Ричард Бренсон е понуден на продажба за да го спаси својот бизнис кој е сериозно погоден од пандемијата на коронавирус.

Тоа е карипскиот остров Некер, вреден 150 милиони евра. Инаку, островот може да се изнајми, а едно преноќување чини околу 122 000 долари. На островот има изградено голема куќа во која можат да спијат најмногу 30 луѓе, а има поглед на океанот и околните острови.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски