Microsoft укинува уште 7.800 работни места

Од:

Информатичкиот американски гигант „Microsoft“ објави дека ќе укине уште 7.800 работни места, откако за речиси една година од кога го презема мобилното работење на финска „Nokia“ отпушти околу 18.000 работници.

Повеќето работни места ќе бидат укинати во дејноста со мобилните телефони, при што во Финска без работа ќе останат повеќе од 2.000 работници, бидејќи ќе биде укинат одделот за развој на производите. Ова е веќе втор круг на откази откако во февруари 2014 година на чело на „Microsoft“ застана Сатија Надела. Во јуни минатата година беше спроведено досега најголемото реструктуирање во историјата на овој технолошки гигант, при што без работа останаа 18.000 луѓе.

Покрај тоа, од „Microsoft“ најавија и отпис на 7,6 милијарди долари имот поврзан со „Nokia“ чиешто работење со мобилни телефони на почетокот од 2015 година го купи за 7,2 милијарди долари.

Аналитичарите очекуваа ваков потег, бидејќи „Microsoft“ се соочи со слабото работење на „Nokia“ чијшто удел на светскиот пазар на паметни телефони падна на само 3 отсто. Се очекуваат и натамошни намалувања на трошоците на работењето следните години, затоа што „Microsoft“, од една страна, настојува да ја зголеми конкурентноста на пазарот на смартфони, додека, од друга страна, пак, повеќе се насочува на развој на софтвер за компјутери на ткн ‘cloud computing’.

Во „Microsoft“ во моментов се вработени околу 118.000 луѓе, а укинувањето на повеќе од 2.000 работни места во Финска предизвика реакција на тамошната влада.

Во соопштение финската влада порача дека е „незадоволна од одлуката на Microsoft“ и најави посебна седница на којашто ќе се разгледува како да им се помогне на луѓето кои останале без работа. „Губењето на толку работни места е многу тажно за целото општество и за оние кои останале без работа“, порача владата на Финска.

Би можело да ве интересира

Путин ја прогласи 2021 за година на науката и технологиите во Русија

Жарко Настоски

Кина ќе го зголеми вложувањето во технологија за да постигне повисок раст

Жарко Настоски

Гугл: Андроид телефоните ќе ги предупредуваат корисниците при појава на земјотрес

А1он

Компанијата на Илон Маск развива мозочен чип кој ќе може да го промени нашето расположение

А1он

5G технологијата станува реалност, Кина ќе изгради повеќе од 600 илјади базни станици до крајот на годината

А1он

Сони го објави датумот за презентација на новитетите на „PlayStation 5“

А1он