Мајката на три деца, 46-годишната актерката Џенифер Гарнер, има интересна техника на воспитување која одлучи да ја сподели со светот.
Омилената холивудска актерка, инаку поранешна сопруга на Бен Афлек, беше одушевена од книгата Yes day, поради чии совети нејзините деца сe уште посреќни. Имено, постои еден ден во годината кога на децата сè им е дозволено и таа не смее да им каже „не“.
– Поставив некои правила. Нема купување. Иако понекогаш знаеме да купиме грепка или нешто што инаку не би го купила. Тоа го правиме секоја година и секогаш прават нешто на што инаку не би ме наговориле. Јадат сладолед за појадок, градат тврдина дома, остануваат будни до долго во ноќта…. – објасни Џенифер.