ВИДЕО: Тато ме тепа со каиш, мама со сукало – контраверзна снимка на интернет предизвика лавина реакции

Од:

На социјалните мрежи се појави снимка која предизвика голема дискусија и критика. Снимката како што се вели е од 1981 година и на неа е прилог од тогашната телевизија на кој се прикажани ученици од училиште во Белград кој говорат дека биле тепани од своите родители.

Дечињата сликовите објаснуваат како биле казнувани. Едно вели тато ме тепа со каиш, друго дека мајкаму го удирала со кутлача или сукало кое го кршела па морала да купува нови.

Едно од децата дури вели дека „мислам дека тепањето е корисно за децата“.

Снимката на ТикТок ја виделе околу милион луѓе и редизвика голема дискусија и доби бројни коментари.

Во дел од коментарите се вели дека така се создале културни и воспитани генерации и дека ќотекот е излезен од рајот. Но има и многу коментари кој негодуваат. Еве дел од нив.

„ Одбивам да прифатам дека луѓето не можат да поврзат причина со последица. Да не може да разберат дека тоа што се децата насмеани на видето, не значи дека се среќни, туку едноставно им веруваат на своите родители повеќе отколку на себе, што е очекувано на тие години.“

“Со ваква ментална склопка кај мнозинството од народот, изгледа џабе се сите кампањи за семејно насилство и булинг, на кои народот очигледно само кога е премногу брутално, одбира да изреагира социјално прифатливо и да одглуми потресеност.“

„Постарите не се свесни какви трауми им се направени на тие деца. Можам од лично искуство да напишам роман како е да се биде жртва на родител.“

„ Денешните деца се резултата на оние генерации кои биле воспитувани со каиши, прачки и сл.“

„ Па со оглед на тоа што сме генерација која не може / не знае да си ги воспита децата значи дека “воспитните мерки” од наше време немале резултат врз нас, па така ние денес сме “не моќни”, односно не знаеме како на др начин да примениме едукација, воспитување врз нашите деца.“

„ Повеќето деца со коишто растев беа физички казнувани, вклучително и јас чат-пат. Не знам ниту еден од нив денес да не станал одговорна возрасна личност. Дали имаме последици од физичките казни? Мислам дека повеќето немаме.“

„ Мајка ми ме има шлапнато два три пати, а сега таа е премногу заштитнички настроена кон внуците. Повеќето дедовци и баби учеле од своите грешки како родители и сега даваат совети како не треба да се “воспитува” детето. “

„ Јас лично не сум за физичка казна, но уште помалку за умствени манипулации со децата од типот на уцени или пак ветувања “

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бислимовски: На тој што платил 2.500 евра квадрат за стан кој го чува празен, не се проблем 200 денари

Александар Тодески

Родители бараат да се постават камери во градинка во Дебар: Сакаме да знаеме како ни се третираат децата

Орце Костов

(ВИДЕО) Бев да берам дренки, седнав на патот и ме нападна мечка: Сведоштво на Минче Рамчески

А1он

(ВИДЕО) Бесплатен јавен превоз во Скопје: Остварлив проект или предизборна манипулација?

Александар Тодески

ВИДЕО: Протестно писмо до Бујар Османи, се бара раскинување на Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија

Орце Костов

Зошто малите деца во Јапонија се толку самостојни?