„Мекдоналдс“ воведува „мек парички“ за 50-годишнината од „биг мек“

Од:

Рестораните за брза храна „Мекдоналдс“ по повод 50-годишнината од нивниот најпопуларен производ „биг мек“ воведоа посебна валута „мек парички“.

Почнувајќи од четврток, во 14.000 ресторани во САД и во 50 држави ширум светот гостите со купување на „биг мек“ ќе добијат и една кованица од оваа специјална серија.

Ограничената серија на монети ќе има пет различни варијанти и на секоја од нив на посебен начин ќе биде одбележана 50-годишнината од големиот сендвич.

Монетите, освен за колекционерски цели, имаат и куповна вредност и ќе можат да се заменат за нови сендвичи.

Идејата за „мек валутата“ дошла од улогата која овој прехранбен производ ја има при мерењето на куповната моќ.

Угледниот весник „Економист“ во 1986 година почнал да го користи „биг мек“ како индекс за мерење на куповната моќ на меѓународните валути, а тоа се уште се користи.

Од компанијата соопштија дека акцијата ќе трае до крајот на 2018 година.

Би можело да ве интересира

Пропадна бизнисот на Мекдоналдс со вештачко месо: Никој не сака лажни хамбургери

А1он

„Мекдоналдс“ повторно ги отвара рестораните во Украина

Руската верзија на Мекдоналдс остана без помфрит

Катерина Ѓуровски

„Вкусно и точка“ e рускиот пандан за „Мекдоналдс“

Катерина Ѓуровски

Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

А1он