Клиниката Кливленд во Охајо на крајот на секоја година прави проценка кои иновации ќе го одбележат здравството во наредната година. Меѓу иновациите кои се предвидуваат за 2013 година се нови технологии за дијагноза на бактериски заболувања, скенирање со кое се открива рак на кожата или вградување апарат против мигрена.
Меѓу најзначајните достигнувања ќе биде зголемување на процентот на успешни трансплантации на белодробни крила.
Крис Колбурн, извршен директор на Кливленд Клиниката за иновации (CCI), која досега собра над 650 милиони долари, дава увид во предвидените иновации.
Дигитална томосинтеза на дојка (DBT)
Овој вид „3Д мамографија“ може да се практикува со постоечката мамографија за да се дибие детален приказ на дојката. За време на мамографијата Х-зраците преминуваат брзо во лакот околу дојката, бележејќи над илјада фотографии од илјада агли кои можат подоцна да се состават во 3Д фотографија на дојка. Овој пристап овозможува да се забележат мали канцерогени промени во околните ткива.
Модуларен апарат за лекување комплексни аневризми
Абнормалниот аневризам на аортата и слабиот ѕид на аортата во абдоменот можат да имаат катастрофални последици ако дојде до пукање. Големи и пропуштачки аневризми можат некогаш да се лечат со минимални процедури на вградување стентови, но многу пациенти имаат анатомија која не е погодна за тоа. Новиот концепт нуди модуларен стент кој лесно може да се прилагоди на пациентот.
„Чистење“ на белите дробови за трансплантација
Оваа технологија овозможува зголемување на бројот на белодробни крила достапни за трансплантација со помош на „миење“ на отстранетите бели дробови за да се отстранат оштетувањата и да се подобри квалитетот на органот. Белите дробови на донаторот се поставуваат во проѕирна комора која личи на балон и се приклучуваат на пумпа на вештачки крвен систем и на вентилатор.
Органот потоа е изложен на специјални течности и кислород. Кога ќе се процени дека белите дробови се одржливи и способни да преживеат во организмот, подготвени се за пресадување.
Ласерска операција на леќа која трае една фемтосекунда
Катарктата е водечка болест која предизвикува оштетување на видот и слепило, но со операција може да се отстрани оштетното ткиво и да се имплантираат нови внатрешни очни леќи.
Фемтосекундскиот (милионтити дел на милијардитиот дел на секуданата) ласерите овозможуваат процедура на катаркта без употреба на скалпел и без правење резови, така што се прави кружна дупка во капсулата на леќата, се расцепува леќата на делови и потоа се омекнува и деградира катарактата.
Рачен апарат за откривање меланом
Меланомот е во пораст во многу краеви на светот и раната дијагностика е неопходна за да малигните клетки се отстранат на време. Иновацијата е апарат кој се држи во рака и кој дерматологот може да го користи во својата ординација. Со оваа иновација може да се видат малите крвни садови под младежите или повредите, така што не мора да се прави рез на кожата. Ова е начин специјалистот да му пристапи на пациентот без биопсија и потенцијален страв и грижа.
Лекови за рак на простатата во поодмината фаза
Во последните неколку години повеќе лекови се одобрени во САД за лекување на поодминат рак на простатата, но се очекува натамошен развој на овој вид лекови. – Од голема важност е што на подобрување на третманот на ракот на простата и натаму се работи и оти доаѓа до позитивни резултати, истакнува Кобурн.
Масена спектометрија за идентификација на бактерии
Кога пациентот има сериозна бактериска инфекција, брзото дијагностицирање и добивање соодветни лекови значи многу. Напредокот во масената спектометрија овозможува да се идентификуваат бактерии од примероци земени од пациентот во рок од неколку минути, а не за неколку дена како што тоа досега беше случај.
Невро-модулатор против мигрена
Мигрените и тешките главоболки предизвикуваат голема депресија и губење на продуктивноста. Иновацијата која би го решила тој проблем е вградување на минијатурен стимулатор кој, по команда, би ги стимулирал ганглиите на нервните клетки кои се наоѓаат зад лицето. Кога еднаш би се поставил на место во главата на пациентот, пациентот би можел да го активира кога мигрената ќе стане проблем.
Баријатриска операција со која се контролира дијабетесот
Дијабетес тип 2 е сериозен здравствен проблем и ризикот да се развие во хронична болест е зголемен со дебелината. Неодамнешните студии покажуваат дека баријатриската операција – со која се менува системот на органи за варење заради намалување на внесот на енергија – може да игра важна улога во контрола на дијабатесот тип 2.