„Мајкрософт Ворд“ со нова опција како помош за лицата со дислексија

Од:

По долгогодишни истражувања, се чини дека Мајкрософт конечно дојде до солидно решение за читање на текстовите наглас, што би било од огромна важност за лицата кои имаат дислексија или пак, оштетен вид.

Имено, во последната верзија на Офис 365 се содржи и опцијата „Читај наглас“. Опцијата беше првпат претставена минатиот декември, но сега таа содржи и промена на гласноста и брзината на читањето. Предвидени се и слушалки како додаток помагало.

Исто така, Ворд притоа ќе го обележува секој прочитан збор на екранот, така што дислексичарите полесно ќе го разбираат и она што го гледаат. А, и воопшто, ќе ни помага при побрза исправка на грешките во напишаниот текст.

Новата опција ќе биде пуштена во упореба до крајот на годинава.

Дислексија е состојба каде што постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Децата кои страдаат од оваа болест, имаат тешкотии и при интерпретацијата на визуелните симболи. Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, тие имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед или некогаш ги мешаат некои букви, така на пример како “б” и “д” или “п” и “н”. Често мешаат и блиски зборови, не обрнуваат внимание на интерпункцијата и читаат со монотон глас. Многу често ги пишуваат зборовите како што и ги изговараат.

Би можело да ве интересира

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

Мајкрософт: Цел на руска информативна шпионажа се 42 земји кои и помагаат на Украина

А1он

Мајкрософт купува компанија за игри за речиси 70 милијарди долари

А1он

ЕК одобри Мајкрософт да ја купи „Нуанс“ за 16 милијарди долари

Ана Ололовска