Мајкрософт ќе укине 18.000 работни места

Од:

Мајкрософт ќе укине 18.000 работни места, што значи дека ќе следи најдлабокиот рез на работна сила во 39-годишната историја на оваа технолошка компанија.

Поголемиот дел од отпуштањата работници, околу 12.500, ќе се случат во телефонската единица „Нокиа“, што Мајкрософт ја купи во април, соопшти компанијата, а пренесува Би-Би-Си.

Мајкрософт вети дека во следните 18 месеци по купувањето на „Нокиа“ ќе ги намали годишните трошоци за 600 милиони долари. Резовите се многу посериозни од укинувањето на 6.000 работни места, колку првично се очекуваа.

Извршниот директор на компанијата Сатиа Надела, кој дојде на оваа позиција во февруари, сака компанијата да го сврти вниманието од софтверите на онлајн услугите, апликациите и апаратите. Резовите на работни места имаат за цел на Мајкрософт да му се помогне да стане поконкурентен со соперниците, меѓу кои се Гугл и Апл.

Последното посериозно укинување работни места се случи на почетокот на 2009 година кога претходниот директор Стив Балмер отпушти 5.800 лица.

Би можело да ве интересира

Путин ја прогласи 2021 за година на науката и технологиите во Русија

Жарко Настоски

Кина ќе го зголеми вложувањето во технологија за да постигне повисок раст

Жарко Настоски

Гугл: Андроид телефоните ќе ги предупредуваат корисниците при појава на земјотрес

А1он

Компанијата на Илон Маск развива мозочен чип кој ќе може да го промени нашето расположение

А1он

5G технологијата станува реалност, Кина ќе изгради повеќе од 600 илјади базни станици до крајот на годината

А1он

Сони го објави датумот за презентација на новитетите на „PlayStation 5“

А1он