„Мајкрософт“ ќе ја укине програмата „Пеинт“ по 32 години

Од:

Новата надградба на оперативниот систем на „Мајкрософт“, „Виндоус 10“, кој уште се нарекува „Отам“, ќе донесе многу нови опции, но и промени.

dobivaj vesti na viber

По 32 години користење и редизајнирање „Мајкрософт“ ќе го укине „Пеинт“, популарна програма за обработка на битмапирани слики.

„Пеинт“ дојде во пакет со првата верзија на „Винодус 1.0“ во 1985 година и тогаш беше во состојба да ги исполни желбите на скромните ликовни креатори. Многумина го користеа и за графичко дизајнирање, што го направи долгогодишен сопатник на „Виноус“. Првите фотографии и изработки во ЈПЕГ формат „Пеинт“’ можеше да ги сними со развој на „Виндоус 98“.

Во април оваа година беше претставен „Виндоус 10“, а со него и „Пеинт 3Д“, кој покрај можноста за цртање, уредување и дизајнирање, има неколку опции за креирање на тридимензионални фотографии. Меѓутоа, на корисниците на популарниот оперативен систем ова не им се допадна, бидејќи со новите надградби „Пеинт“ ја изгуби својата првична смисла.

Програмата „Пеинт“ не беше најдобра за изработка и обработка на фотографии, но сигурно на сите им служеше за брзо сечење на слики и земање на „скриншот“ или фотографии од екранот. Најновата верзија на „Пеинт“, кој ја задржа својата автентична намена е таа која дојде во пакет со „Виндоус 7“.

„Пеинт“ денес по 32 години се наоѓа во „корпата за смет” на креаторот на новиот „Виндоус“. Постои можност слична програма да се појави под ново име, но „Виндоус“ се уште официјално не се огласил.

Би можело да ве интересира

Мајкрософт: Цел на руска информативна шпионажа се 42 земји кои и помагаат на Украина

А1он

Мајкрософт купува компанија за игри за речиси 70 милијарди долари

А1он

ЕК одобри Мајкрософт да ја купи „Нуанс“ за 16 милијарди долари

Ана Ололовска

Рекорден нето профит на „Мајкрософт“ од преку 20 милијарди долари

Ана Ололовска

Мајкрософт и Линкедин го одложија враќањето на вработените во канцелариите

Ана Ололовска

За новата игра на „Мајкрософт“ – нов џојстик

Ана Ололовска