Мајкрософт гради глобален инженерски центар во Ирска

Од:

Американскиот софтверски гигант Мајкрософт објави дека планира да ангажира дополнителни 200 инженери во Ирска и да формира нов глобален инженерски центар во таа земја. Во овој миг, Мајкрософт има околу 2.500 вработени во Ирска.

„Новите вработени ќе бидат вклучени во развој на нови „клауд“ (облак) слуги и технолошки решенија за клиенти низ целиот свет“, соопштија вчера од ирскиот огранок на „Мајкрософт“.

Катрина Халахан, извршна директорка на огранокот, рече дека станува збор за аспирациите Ирска да стане „центар за иновации“ на американскиот гигант.

Ирските даноци за компаниите се меѓу најниските во Европската Унија и земјата одамна е омилена дестинација, особено за американските компании кои го прошируваат својот бизнис во странство. Фејсбук и Гугл веќе одамна се „одомаќинија“ во Ирска, каде што го имаат своето седиште во европскиот пазар.

Епл минатата недела ја одбележа 40-годишнината од работењето во вториот по големина ирски град Корк, денес со повеќе од 6.000 вработени.

Би можело да ве интересира

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

Мајкрософт: Цел на руска информативна шпионажа се 42 земји кои и помагаат на Украина

А1он

Мајкрософт купува компанија за игри за речиси 70 милијарди долари

А1он

ЕК одобри Мајкрософт да ја купи „Нуанс“ за 16 милијарди долари

Ана Ололовска