Лондонски „Телеграф“ го „умре“ принцот Филип

Од:

Електорнското издание на британскиот весник „Телеграф“ по грешка објави дека сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип, починал.

„ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО, прницот Филип, војводата од Едингург, почина во хх-тата година“, стои во насловот на „Телеграф“.

Во нецелосниот текст на веста се наведува дека информацијата ја соопштила Бекингемската палата.

– Принцот Филчип, кого кралицата го опиша како нејзина сила и поддршка во текот на нејзиното рекордно владеење, почина хххххххх… Принцот ќе биде погребан во согласност со неговите желби, а кралската церемонија ќе се одржи за седум дена, стои во веста.

Веста набрзо беше сменета од онлајн иданието, но сепак тоа беше доволно таа да се прошири на интернет.

„Телеграф“ не даде официјално соопштение, но очигледно е дека станува збор за претходно подготвен текст во случај на смрт на принцот. Инаку, грешката настанала веројатно затоа што овонеделното повлекување на принцот Филип од јавниот живот, е заменето со негово „збогување со животот“.

Инаку, ова не е прв случај медиумите да го прогласат принцот Филип за мртов. Пред неколку месеци и магазинот „Сан“ објави наслов „Принцот Филип почина во 95-та година од животот“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он