Љубовни писма на Наполеон продадени за половина милион евра

Од:

Три љубовни писма, напишани од Наполеон Бонапарта за неговата сопруга Жозефин во периодот меѓу 1796 и 1804 година, беа продадени за 513.500 евра на аукција, соопшти аукциската куќа Друо во Париз.

– Немам добиено писмо од тебе. Сигурно имаш друга, попријатна работа, штом забораваш на сопругот, кој макар и да е затрупан со работа, а и покрај уморот, мисли единствено на тебе, ѝ пишува генералот на Жозефин на 18 април 1796 година, за време на походот во Италија.

Еден друг, емотивен запис на новинарот Ками Демулен од 1794 година, беше продаден за 24.700 евра, па сега е сопственост на Историската библиотека на Париз. Демулен, инаку важна личност во Француската револуција, го напишал текстот за својата одбрана во судскиот процес против него. Но, на крај сепак, бил обезглавен на гилотина.

На истото наддавање, машината „Енигма” од Втората светска војна беше продадена за 48.100 евра.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on