На саемот за технологија CES во Лас Вегас, претседателот на LG Џејмс Фишер изјави дека „LG Nexus 4“ е само првиот уред од бројните производи на кои LG работи заедно со Google.
„Нашата соработка со „Google“ го создаде „LG Nexus 4“ смартфонот“.
Се претпоставува дека од „LG“ веќе започнале да ја намaлуваат продукцијата на „Nexus 4“, со цел да се припреми теренот за новиот уред, според неофицијални податоци се вели дека наследникот ќе има моќен четиријадрен процесор од 2GHz и нов Андроид оперативен систем „Key Lime Pie“.
„LG Nexus 4“ доби големи пофалби за квалитетот, но неговата популарност се должи на неговата цена.