LG ја укинува ознаката Optimus на идните смартфони и воведува „G“ и „Vu“

Од:

Новиот водечки смартфон, кој доаѓа од јужнокорејската компанија „ЛГ Електроникс“, ќе ја носи ознаката G2 и ќе биде првиот модел во рамки на новата G премиум серија.


Сите идни „паметни“ телефони од оваа серија ќе ја имаат ознаката „G“, додека имињата на сите останати премиум модели, кои се веќе на пазарот, ќе останат исти.


– Сакаме сите наши идни G модели да останат синоним за совршенство кога станува збор за смартфоните. Токму смартфонот на ЛГ, G2 ќе гради таква репутација, која ќе се заснова врз одличните успеси кои ги постигнале претходните  одели, изјави претседателот и извршен директор на „ЛГ Електроникс“ Џонг-сик Парк.


Покрај тоа, LG смартфонот со размер на екранот 4:3 во иднина ќе ја има само ознаката „Vu“. Сите LG смартфони користат врвна технологија и препознатлив LG UX кориснички интерфејс, кој ги нагласува поинаквите технолошки аспекти и достигнувања на секој модел одделно.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ