Кинеската компанија Ксиоми, што е целосно доминантна на азискиот пазар го најави смартфонот Ми4, како најбрзиот смартфон во светот.
Ксиоми Ми4 доаѓа со Снапдрагон 801 процесор со брзина од 2,5 гигахерци, 3 гигабајти РАМ меморија и 5 инчен 1080п дисплеј и батерија од 3.080 мили ампер часа.
Смартфонот е опремен со две камери, од кои задната со 13 мегапиксели и можност за снимање 4к видео, додека предната од 8 мегапиксели.
Ми4 ќе биде достапен во две изведби со 16 гигабајти интерна меморија и 64 гигабајти интерна меморија.