Кралицата одби награда за стари – не ги исполнувала критериумите

Од:

Британската кралица Елизабета Втора ја отфрли наградата што британското списание „Олди“ им ја доделува на постари лица. Таа оценила дека не ги исполнува условите.

Гласилото, кое се опишува себеси како „лесна алтернатива“ на печатот „опседнато со младоста и славата“, откри дека на Бакингемската палата, т.е. на 95-годишната кралица ѝ ја предложило својата награда „Стара личност на годината“ (The Oldie of the Year). Таа е на престолот скоро седум десетлетија. Но, на неговите страници денеска осамна писмото на одбивање на наградата, испратено на 21 август, потпишано од нејзиниот помошник приватен секретар Том Ленг-Бејкер.

„Нејзиното Височество смета дека ги имаме годините што ги чувствуваме и затоа, таа не мисли дека ги исполнува условите за да ја прифати (наградата)“, се истакнува во одговорот.

И покрај гласините дека ќе се пензионира по смртта на својот сопруг Филип во април, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни настани. А, минатата недела таа беше видена како оди со бастун, првпат по 2004 година.

Филип, кој годинава почина на речиси 100-годишна возраст, е добитник на „Олди“ наградата за 2011 година, за неговиот 90-ти роденден.

Нема ништо подобро за моралот од потсетување дека годините минуваат и дека „старата руина почнува да се распаѓа“, напиша војводата од Единбург во писмото на благодарност, познато по својот недипломатски хумор.

– „Но, сепак е убаво да ме помнат“, додаде Филип.

Би можело да ве интересира

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он