Кралицата го молела принцот Хари да почека пред да се повлече од должностите

Од:

Кралицата Елизабета Втора го молела нејзиниот внук принцот Хари да не го објавува соопштението дека тој и неговата сопруга Меган ќе се повлечат од високите должности во кралското семејство, пред да се договори со другите членови на семејството, но тој го игнорирал нејзиното барање, јави „Си-ен-ен“.

По објавата, соопштено е дека Бакингемската палата се обидува да разработи план за принцот Хари и неговата сопруга Меган, американска државјанка, откако најавија дека ќе се повлечат од извршувањето на должностите кои им припаѓаат како членови на кралското семејство и поголемиот дел од времето ќе го поминуваат во Северна Америка.

Сепак, пренесува Си-Ен-Ен, и по објавата, Хари и Меган се уште сакаат луѓето да им се обраќаат со „ваше кралско височество“ и се уште се однесуваат како важни кралски фигури и живеат во Фрогомор, за кој британските даночни обврзници годишно плаќаат три милиони долари за одржување.

Принцот Хари и Меган Маркл во средата ја изненадија јавноста со одлуката дека сакаат да водат понезависен живот за кој се надеваат дека ќе можат сами да го финансираат.

Би можело да ве интересира

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Предраг Петровиќ

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска