Кошаркарите на МЗТ Скопје делеа пакетчиња на првачиња од општина Аеродром

Од:

Стотина првачиња од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром, денеска посреќни ќе си заминат дома, откако на подарок добија новогодишно пакетче од сино-белиот Дедо Мраз, кој овој пат во „мисија“ ги испрати своите „помошници“ од таборот на МЗТ Скопје Аеродром.

Во склоп на својата општествено-одговорна мисија и желба за директен контакт со локалната заедница, а во соработка со претставниците на општина Аеродром, македонскиот кошаркарски шампион реши да издвои дел од своите средства за да израдува дел од најмладите. Гестот е можеби симболичен, но е од срце, како што велат од МЗТ Скопје, бидејќи ништо не може да го замени задоволството кога ќе се слушнат детските насмевки и нивното искрено „благодарам“ за направеното изненадување.

Подароците на сите најмали во едно од основните училишта кои гравитираат во нашата општина ги поделија капитенот Дамјан Стојановски, заедно со репрезентативните и клупски колеги Андреј Магдевски и Андреј Маслинко, како и со извршниот директор на клубот, Тони Грнчаров, а во друштво на директорот на образовната установа, Марјан Јовановски, информираат од кошаркарскиот клуб.

Дружбата со првачињата донесе големи насмевки и на нивните лица, а поздравите и прегратките од нивните најмали обожаватели им носат и дополнителен мотив за уште посериозна работа, труд, но и промоција на спортските вредности, велат од МЗТ Скопје.

Од таму се надеваат дека следната година ќе успеат да опфатат уште повеќе училишта, а со тоа да израдуваат повеќе деца.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар