Коралите во борбата против ХИВ вирусот

Од:

Протеините присутни во некои видови австралиски корали можат да го спречат ширењето на ХИВ-вирусот, тврдат американски научници.

Истражувачите од „National Cancer Institute“ на лабораториски примероци на ХИВ утврдиле дека протеините книдарини можат да го блокираат делувањето на вирусот, што предизвикува СИДА.

Според нив, книдарините биле ефикасни и во концетрации од милијардити дел на грамот.

Делувањето на овие протеини се темели на нивната способност да се врзат со вирусот и да спречат прв чекор во трансмисијата на ХИВ, односно влезот на вирусот во Т-клетките на имунолошкиот систем.

Научниците веруваат дека книдарините е можно да се применат во производството на микробицидни вагинални делови наменети за оневозможување на ХИВ инфекцијата.

Во следната фаза истражувањето ќе се обиде да утврди дали овие протеини се ефикасни и против други вируси.

Би можело да ве интересира

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор