Копенхаген: Кралскиот град со комуна без струја, асфалт и марихуана низ дворовите

Од:

Копенхаген е единствен во Европа, а веројатно и во светот, само заради специфичната област Кристијанија, но сепак во другите делови од градот може да се најде нешто занимливо.

Централната улица во кралскиот град Копенхаген се вика Строгет и изобилува со бројни продавници на светските дизајнерски брендови. Понатаму тука е забавниот парк Леголенд, на најпознатите Лего коцки со кои си играат децата од сите делови на светот, а атмосферата во градот е збогатена со уличните свирачи кои се наоѓаат на секој чекор.

Kopenhagen centar

Копенхаген е оддалечен од Шведска околу 35 минути, со воз се оди до Малме преку Оресудскиот мост. Тоа е комбиниран тунел- мост кој ги поврзува градовите Копенхаген (Данска) и Малме (Шведска). Оресундскиот мост е најдолгиот комбиниран мост- тунел за автомобили и возови во Европа, а воедно и најдолг мост во светот кој преминува  државна граница. Заради големата еколошка свест на швеѓаните и данците на станиците во Малме можете да најдете голем број на паркирани велосипеди, бидејќи тие се најчестиот „градски“ превоз, заради што во овој голем град воопшто нема сообраќајни гужви.

Velosipedi

 

kopenhagen velosipedi

Во самиот центар на данскиот главен град се наоѓа и слободниот град Кристијанија или како што сакаат да ја викаат, најголемиот социјален експеримент во Европа. Околу илјада луѓе живеат во овој занимлив дел од градот, каде нема ноќно осветлување, нема асфалт, никој никому не смета,ни жителите ни туристите, а опкружен е со зеленило и река.

christiania
Жителите на овој дел самите си изградиле градинки, училишта, простори за млади и игралишта. Се рециклираат речиси 90 проценти од отпадот, а автомобилите не се дозволени. Она што ја прави Кристијанија посебна е и фактот дека марихуаната се одгледува во дворовите, но сепак тешките дроги се забранети од 1979 година.

Christiania grafitti

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген