Комичар го прекина концертот на Канје Вест

Од:

Раперот Канје Вест во саботата настапи на британскиот фестивал Гластобери, но неговиот концерт за момент беше прекинат со упад на „неканет гостин“.

Уште пред настапот беа собрани неколку десетици илјади постписи на луѓе кои бараа раперот да не настапува на фестивалот, но тој сепак излезе на сцената игнорирајќи ги ваквите апели.

Но, во еден момент, на изненадување на Кање, на сцената истрча комичарот Ли Нелсон со намера да го прекине концертот.

Оваа своја намера Нелсон ја најави и на Твиер, но по се изгледа организаторите не го сфатиле сериозно.

Раперот во почетокот го ингорираше Нелсон, но не можеше тоа да го прави долго, па почна да гестикулира со рацете довикувајќи го неговото обезбедување, кое го отстрани Нелсон од бината.

Иако видно нервозен и лут, Канје потоа повторно почна да ја пее песната „Black Skinhead“, која беше прекината од упадот на Нелсон.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска