Сигурно често се поставува ова прашање меѓу корисниците на паметни телефони. Но, и производителите водат сериозна битка на пазарот.
HTC One, Samsung Galaxy S4 и Sony Xperia Z се најдобри телефони во својата класа, но сите тие имаат различна камера.
На дневна светлина, ултрапикселната камера на HTC One од 4МР дава добра слика, додека камерата на Galaxy S4 од 13МР има нешто помалку пиксели.
HTC One е стабилен, Galaxy S4 добар, додека Xperia Z дава слика со нијанси на плава боја.
Може да се заклучи дека HTC One прави добри слики со својата камера, иако за деталите не е баш најдобра поради својата камера од 4МР. Но, сепак е добра за обичните корисници. При неосветлени услови, HTC One има предност. И S4 има добра камера, посебно кога се работи за детали на слики. Но, Xperia Z не е толку добра во споредба со другите две камери. Sony треба да поработи на софтверските подобрувања.