Книгата на Кунтц ја предвиде смртоноснaта пандемија во светот уште пред 40 години

Од:

Иако појавата и брзото ширење на смртоносниот вирус – Ковид-19 ширум светот ги изненади сите, сепак се чини дека имало предвидувања или пак можеби „сознанија“ дека ова ќе се случи на сите делови од планетата во новата декада.

Кога се зборува за конспиративните теории поврзани со коронавирусот веднаш доаѓа асоцијацијата на книгата „Очите на темнината“ напишана од авторот Дин Кунтц кој во својата сторија пишува за смртоносна пандемија.

Тој во својата книга од 1981 година раскажува за група на кампери кои наеднаш умираат и се открива дека причина за смртта е кинеско биолошко оружје.

Во книгата, еден од неговите протагонисти зборува за кинески научник Ли Џен кој пристигнал во Америка носејќи го со себе биолошкото оружје познато како „ВУХАН 400“.

„Кинески научник по име Ли Џен дојден во САД носејќи го со себе најважното и најопасното ново биолошко оружје на декадата, кое тие го нарекуваат „ВУХАН 400“ и е развиено во нивната „RDNA“ лабараторија надвор од градот Вухан.., понатаму се додава „ВУХАН 400 е совршено оружје“.

Во неговата книга е точно опишан начинот на кој вирусот започнува да се шири во светот, уште поубедливо е тоа што името на вирусот кој писателот го напишал пред 40 години се поклопува со името на градот од каде вирусот и започна.

Покрај Кунтц, авторката на книгата „Крајот на деновите – Предвидувања и пророштва околу крајот на светот“, Силвија Браун пишува за слични работи околу денешната состојба.

Во нејзината книга, таа пишува за светот дека ќе се соочи со „болест која е поврзана со пневмонија“ точно оваа година.

„Во 2020 година неколку болести поврзани со пневмонија ќе се прошират на планетата, болеста ќе ги нападне белите дробови и бронхијалните патишта, таа ќе биде отпорна на сите веќе познати третмани“.

Американската писателка е позната по тоа што тврдела дека поседува природна моќ да ги предвидува работите кои треба да се случат во иднина.

Се чини дека овие две книги не се единствените во кои има слични предвидувања со сегашната состојба во светот.

Во оваа група, припаѓа и Бил Гејтс како и режисерот Стивен Соберберг.

Ко-основачот на „Мајкрософт“ ја предупреди јавноста за време на своето јавно говорење во 2015 година на „Ted talk“ дека светот нема да е подготвен за следната епидемија.

Што е уште позначајно, тој три години подоцна гостувајќи на дискусијата организирана од Масачусетс здравственото општество рекол дека во следната декада (мислејќи на 2020) може да се случи пандемија.

Тој нагласил дека во рамки на три месеци, пандемијата може да убие околу 30 милиони луѓе.

„Светот треба да се подготви за пандемија на истиот сериозен начин како и за војна“ додал Бил Гејтс.

Филмот „Зараза“ на Стивен Соберберг би можел да се стави во оваа иста група на предвесници за пандемијата денес поради самата филмска содржина.

Во него режисерот зборува за вирус наречен „MEV-1“ кој настанува од лилјаци и се пренесува на свињи, а потоа и луѓети се заразуваат.

Вирусот во филмот брзо се шири од Азија, поточно Хонгконг, а во една сцена се вели: „Ние видовме многу болести кои произлегуваат од Азија, тоа се случува поради диспропорција во тој дел од светот…. лилјаците и птиците се во голем стрес заради уништување на шумите и климатските промени“.

Познат е фактот дека научниците по неколку спроведени истражувања убедени се дека коронавирусот кој зарази над 300.000 луѓе во светот доаѓа од лилјаците.

На крајот филмот дава и порака која гласи: „Општеството е подобро кога се наоѓа во зараза, кога сите работат заедно и се грижат едни за други“.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски