Канје Вест е многу горд на фактот што неговата девојка Ким Кардашијан е бремена, па среќната вест ја објави во текот на концертот кој го одржа во Атлантик Сити.
Раперот во еден момент им рече на музичарите да престанат да свират и и се обрати на публиката со зборовите: – Дајте еден голем аплауз за идната маја тука, на што сите изреагираа со громогласен аплауз и навивање.
Нешто подоцна и претставникот на медиумите на риалити ѕвездата потврди дека Ким е бремена, а бебето ќе стигне кон почетокот на летото.
Ким и Канје во врска се осум месеци и иако старлетата е во дванаесетата недела на бременост, се до сега се обидуваа да ја сокријат приказната за тоа дека има бебе на пат.