Каспаров: Компјутерите нема да ја заменат креативноста на човек

Од:

Легендарниот првак на светот во шах Гари Каспаров, на меѓународниот форум на Мајкрософт „Светла иднина на луѓето + машините“ во Атина, изјави дека машините нема да ја заменат човековата креативност.

Каспаров наведе дека изгубил партија од компјутерот „Дип Блу“ во 1997 година откако „направил повеќе грешки“.

– „Дип Блу“ не беше некоја извонредна машина; напротив, едноставно не ја повторуваше истата тактика кога играше шах, истакна Каспаров, додавајќи дека не би требало да постои дилема „човекот или машината“.

Тој потенцира дека кога интуицијата и искуството на човекот соработуваат со аналитичките моќи и брзината на компјутерите, тогаш може да се постигнат многу работи.

– Машините нема да ја заменат човековата креативност ниту емоционалната чувствителност, но можат да ни помогнат да истражиме нови хоризонти кои не можеме ниту да ги замислиме, посочи Каспаров.

Би можело да ве интересира

„Фејсбук“ ги менува имињата на „Инстаграм“ и „ВатсАп“

Половина век од спуштањето на човекот на Месечината

Падна „Инстаграм“, проблеми има и „Фејсбук“

Татјана Ташкова

Роботите може да ги заменат луѓето на 20 милиони работни места наредниве 10 години

Шефот на Huawei призна дека на членовите на своето семејство им купил IPhone телефони

Татјана Ташкова

Велика Британија: Истрага за „Хуавеи“ и истекување на доверливи информации