Илјадници костимирани славеници во моментов во Венеција присуствуваат на традиционалниот Карневал што беше отворен во саботата, а ќе трае до 9 февруари.
Овој пат, екстравагантната и мистична историја на ренесансна Венеција се слави и на вода, па туристите и локалното население во живописните гондоли вчера крстосуваа низ каналите од градот.
Забавата се пресели и на улиците, а потоа и по клубовите ширум Венеција.
Инаку, оваа година властите во Венеција ги засилија безбедносните мерки ширум градот и го зголемија бројот на полициски патроли и тајни и униформирани полицајци, отфрлајќи го, меѓутоа, предлогот на учесниците на карневалот да им се забрани да носат маски. Љубителите на карневалот во Венеција традиционално низ градот шетаат покажувајќи ги своите раскошни костими, како и украсени и рачно насликани маски.
Шефот на полицијата во Венеција, Анџело Сана, за американските медиуми изјави дека расправата за маските била разгледувана „избалансирано и со внимание“„ бидејќи маските се синоним за карневалот, додавајаќи дека без нив би било тешко да се организира оваа манифестација.
На оделни места во Венеција ќе се проверува идентитетот на учесниците, а на плоштадот Свети Марко, како и во другите делови од градот, ќе бидат распоредени припадници на силите за безбедност кои ќе го надгледуваат шетањето на посетителите.