Канје Вест ја налути јавноста со изјавите за ропството

Од:

Американскиот рапер Канје Вест, кој неодамна беше критикуван поради јавната поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп, повторно ја налути јавноста, откако изјави дека „ропството е избор“.

– Кога ќе чуете за ропство кое трае 400 години. Имено 400 години? Тоа ми звучи како избор, наведе Вест во интервју за порталот ТМЗ.

Тој со изјавата го разбесни домаќинот, Ван Латан од ТМЗ, кој истакна дека е „разочаран и вчудоневиден“ од неговиот коментар.

– Многумина од нас мораат да се носат со такви закани целиот живот… мораме да се соочуваме со маргинализацијата што е последица на 400 години ропство за кое ти велиш дека било нечиј избор, реагираше гневно Ван Латан.

Вест по големиот број критики подоцна се обиде да ја објасни неговата изјава.

– Знам дека робовите сами доброволно не прифатиле да бидат оковани и качени на бродови за Америка. Сакав да кажам дека фактот што толку долго сме останале во таа позиција, иако сме биле во мнозинство, значи дека сме биле ментално поробени, напиша на социјалните мрежи раперот.

Ропството во САД е укинато дури кон крајот на 19 век, а потоа поранешните робови се соочуваа на секој чекор со дискриминација.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска