Какви барања имаат Џеј-Зи и Канје Вест од хотелите во кои се сместени

Од:

Џеј-Зи и Канје Вест се едни од најголемите музички ѕвезди на денешницата и самите се доволно свесни за тоа.

Сега добивме можност да дознаеме какви барања имаат тие од хотелите во кои се сместени за време на турнеите.

Во собата на Џеј-Зи температурата секогаш треба да биде 21 степн Целзиусов, мора да има три свеќи со мирис на мексиканскиот цвет Тубероза и шише пенливо вино „Аce of Spades“, кое нормално тој никогаш не го плаќа бидејќи е сопственик на брендот.

И секако листа на подароци за неговите деца.

Славниот рапер има посебни барања и за својата миленичка Блу Ајви, па така секоја просторија треба да биде приспособена за деца и мора да има органско полномасно млеко.

Неговиот возач мора сите да ги опоменува дека не смеат да се доближуваат до раперот и никако не смее да препродава карти за неговите концерти.

Господинот Вест, пак, во собата мора да има вазни во форма на цилиндер, црни крпи за раце и посебни звучници. Во тоалетот мора да има конец за заби.

Исто така, апартманот мора да има посебни житарики за појадок и 13 шишиња пијалак.

Се зборува дека и сопрубата на Џеј-Зи, Бијонсе има многу барања, па за време на претходната турнеја таа барала црвена тоалетна хартија, сите вработени да носат облека која е изработена од 100 проценти памук, бидејќи не поднесувала синтетика, вода изладена на 21 степен Целзиусов, како и рачно сечени коцки мраз.

Изгледа дека некои лесно забораваат од каде потекнуваат.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска