Како гледаат бебињата?

Од:

Познато е дека бебињата почнуваат да го развиваат својот вид уште во матката, каде бебето гледа, ги шири и ги затвора очите.

Но кога ќе дојде на свет бебето всушност се уште не гледа речиси ништо, ниту бои, ниту форми, само нејасни силуети. Од таа причина тие повеќе се потпираат на сетилото на мирис и слух.

Првите денови бебињата распознаваат само нијанси на светла и мрак и тоа само на предмети, кои не им се оддалечени повеќе од 25 сантиметри. Но како што минуваат деновите и неделите нивниот вид станува се подобар, иако и натаму гледаат само матни слики.

Се смета дека првите слики на своите родители и боите, почнуваат да ги распознаваат на околу тримесечна старост, но дури ниту тогаш не ја гледаат целата слика остро и во боја, како што ја гледаат возрасните луѓе.

Во месеците, кои доаѓаат бебињата ги гледаат сите бои, но дури на осум месеци можеме да кажеме дека нивниот вид е навистина добар и дека забележуваат форми и бои на различна оддалеченост. Сликата се повеќе им се кристализира и се подобро ги користат рацете.

Бебињата дури на една година можат да ја перцепираат јасно и кристално сликата, која ги опкружува и тоа е само половина пат до конечниот развој на нивниот вид. Во деновите, кои следат ќе почнат јасно да ги распознаваат игрите на светла и сенки, полесно да ги перцепираат оддалечените и поблиските предмети, за да околу втората година детето конечно гледа како и секоја зрела личност.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он