Како да го анимирате новороденчето?

Од:

Многу се зборува за воспоставување однос со штотуку роденото бебе, но новороденчињата, особено на родителите, на кои им е прво дете, им изгледаат кревко, нежно и мошне мали за игра. Со новородените бебиња сепак може да се игра во согласност со нивните способности.

На бебето ќе му биде досадно ако не комуницирате со него кога е будно, но не треба ниту да го форсирате на комуникација доколку е задоволно и мирно и без ваша интервенција.

Психолозите истакнуваат дека родителите пребрзо земаат играчка или почнуваат да прават нешто друго, кога бебето само малку ќе се мрдне.

На детето, кога е будно му треба малку време за одмор, мирно проучување на светот околу себе и процесуирање на бројните нови информации кои ги прима.

Освен галење, зборување и пеење постојат уште неколку начини за стимулација на новороденчињата.

Ставете го бебето во центарот на домашните случувања

Имајте на ум дека на децата им е мошне интересно друштвото на возрасните. Кога бебето е будно, држете го во центарот на случувањата на вашиот дом, така што ќе го минува времето во дневната соба во која се собира семејството. Поттикнувајте ги останатите членови на семејството да разговараат со бебето.

Носете го бебето во раце

Секако, не постојано. Кога се во раце бебињата гледаат се што се случува околу нив. Пронајдете удобна носилка или марама и дел од будното време носете го детето за да го запознае светот околу себе. Колку бебето е постаро ќе ви биде полесно бидејќи ќе биде поцврсто и ќе може самостојно да ја држи главата.

Опкружете го бебето со интересни предмети

Изберете предмети со јасни и констрастни бои и ставете ги во неговиот видокруг, но на безбедна оддалеченост. Предметите можете да ги ротирате со цел на бебето постојано да му бидат нови и интересни. Еден од начините да го анимирате бебето е и од време на време неговиот релаксатор да го поместите од едниот на другиот крај од собата.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он