Сурфањето на Интернет може да биде неверојатно забавно и корисно, но и многу опасно. Малите деца ги демне опасност од разни насилници, но сепак постои начин да се заштитат.
За почеток, ова се можни знаци дека детето е во опасност на Интернет, според ФБИ водичот за родители.
Првиот знак е ако детето поминува многу време онлајн, особено ноќе. Причина за грижа може да биде и ако детето гледа порнографски содржини, затоа што педофилите често на тој начин се обидуваат сексуално да се приближат до детето.
Исто така, сигнал за грижа е ако забележите дека детето често и подолго време телефонски разговара со некој кој не ви е познат. Имајте на ум, предупредува водичот, дека предофилите често на децата им ги даваат нивни броеви на телефоните, а кога детето ќе ги побара, со помош на идентифатор лесно се дознава и бројот на телефонот на детето.
Знак дека детето е мета на насилник може да бидат и мејлови, писма или подароците кои вашето дето ги прима од луѓе кои не ви се познати. Педофилите често на овој начин се обидуваат да ги заведат децата.
Обрнете внимание на тоа и дали вашето дете брзо се обидува да го сврти мониторот на компјутерот кога ќе влезете во собата. Доколку гледа содржина која не е прикладна или работи нешто што не треба да го прави, сигурно тоа ќе се обиде да го сокрие од вас.
Како да го заштитите детето
Сведоци сме на тоа дека на Интернетот се вртат содржини непримерни за децата, но решението не е во тоа да им забраниме пристап. Наместо тоа, прво разговарајте со вашите деца и објаснете им зошто не треба да се доопишуваат со странци. Чатувањето и социјалните мрежи се идеална можност децата со други деца да ги поделат своите интереси, но и да откријат информации кои можат да ги доведат во опасност. За да се намалат шансите вашето дете да се најде на мета на некој манијак, предложите му на Интернет да го користи само името или прекарот, наместо целото име и презиме.
Исто така, потсетете ги, на никој да не ја кажат својата адреса или бројот на телефонот, името на училиштето каде што одат, да не испраќаат свои фотографии на непознати и да не договараат запознавање со некој кој го „знаат“ само од Интернет.
Ако сепак не сакате да се потпрете само на надежта дека детето ќе ги послуша вашите совети и ќе биде внимателно кога сурфа на Интернет, постојат голем број програми кои можат да помогнат да го заштитите. Користењето на која било програма го блокира симнување на непримерни содржини, но секако би било добро да се надгледува она што детето го бара во мрежата.
Исто така секогаш можете да ја видите историјата на отворените страници, барем додека детето се уште не знае да ја избрише. Можеби мислите дека не е во ред на овој начин да го шпионирате детето, но нивната безбедност сепак е на прво место.
Добра идеја е компјутерот да стои во дневната соба, на пример, наместо во детска или спаланата соба, затоа што така ќе може да се надгледува.