Кафето и кафеџилниците кај отоманците

Од:

Хуриет дејли њуз- Анкара

Приказната за пиењето кафе е интригантна. Овој пијалак датира околу 800 г.пр.н.е. Хомер и арапските легенди го спомнуваат, а персискиот математичар и физичар Авицена го користел како лек во 11 век н.е., стои во еден извор. Со текот на вековите, се појавија неколку апокрифни легенди, како онаа за козарот во Етиопија и други, за откривањето на кафето од монаси или можеби од суфите. Последниве приказни се совпаѓаат само во тоа дека кафето доаѓа од Етиопија и стигнало во Јемен најрано во 1400-та, а можеби и многу порано, пред да се рашири низ Блсикот исток и долж северноафриканскиот брег.

Брзото ширење на пијалакот кафе на почетокот им се припишува на суфите, мистичните интепретатори на исламот, кои пиеле кафе заради нивните долги и често ригорозни церемонии. Тоа ги правело посилни и побудни. Овие секти стекнале приврзаници кои доаѓале од многу различни животни патишта, и се ширеле преку политичките и културните граници, и рушеле социјални бариери. Ебул Хасан Шазели, основачот на мистичката секта Шазели, наводно прв го открил кафето при едно патување во Мека во 1258 година, и од таму го го проширил задоволството од пиењето на пијалакот. Тој станал „светец патрон“ на кафеџилниците.

Грците тврдат дека во Грција бил отворена првата кафеџилница во Константинопол во 1475 г. Во местото наречено Кива хан, најверојатно во денешната област Тахтакале, иако турски извори наведуваат дека кафето всушност било донесено во градот во 1517 г. откако султанот Селим Првиот (кој владеел од 1512 до 1520 г.) го освоил Египет. Сепак една друга приказна поврзува како отоманскиот гувернер на Јемен, Уздемир Паша, го засакал кафето додека бил таму на служба, и како донел зрна кафе со него во Константинопол и таму го запознал со пиењето кафе Великиот султан Сулејман (кој владеел од 1512 до 1566). Можно е Уздемир Паша да знаел за кафето уште пред да замине во Јемен, затоа што тој по потекло бил од Каиро и подоцна ги освоил Судан и Етиопија. Се зборувало дека султанот имал многу пријатни муабети со Уздемир – најверојатно покрај филџан добро кафе. Несомнено двајцата разговарале за ситуацијата на Црвеното море, во Индија и за португалците кои активно тргувале во тој ргион. Палатата потоа ангажирала главен варач на кафе,кој бил одгвоорен за кафетона султанот и за садовите кои биле потребни за негово подготвување.

Во Константинопол се појавил спор, исто како и претходно во Каиро, во врска со пиењето кафе. Муслиманите пуристи барале тоа да се забрани заради неговата стимулативна природа и затоа што било нешто ново. Главните религиозни власти кај отоманците за време на владеењето на Сулејман и неговиот наследник, Сејхулислам Ебусунд, издале фатва или декрет против пиењето кање. Тоа се случило во 1543 година, според Рефик Ахмет Севенгил, кога пристигнале бродови кои носеле зрна кафе. Како резултат на фатвата, вреќите со зрна кафе биле фрлени во морето. Сепак, со текот на годините забраната била главно игнорирана и првата кафеџилница била отворена во Истанбул во 1555 г., според отомански извори.

Во 17-иот век, кафеџилницте биле повторно затворени, овој пат од султанот Мурат Четвртиот (владеел од 1623 до 1640 г.) Францускиот ориенталист и археолог Антоан Галанд, кој минал многу години во втората половина од 17-иот век патувајќи по Блискиот исток, објавил информаци за овој регион и пишувал личен дневник. Тој подоцна ја опишал ситуацијата со „бројни кафеџилници се повеќе се отварат во Константинопол и ги привлекуваат луѓето често да ги посетуваат, а подоцна се дознало дека имамите и толкувачите на законот останале самите со своите бради, а џамиите останувале релативно празни како одговор на одзнаените ехоа од декламациите на лекарите (за лековитоста на кафето). Иако како строги верници во судбината не треба да се очекува дека овие мусулмани (муслимани) личности ќе бидат подготвени на впечатокот дека Провидението им налага да им се обраќаат на празни клупи во џамиите, напротив, гледајќи го величенствениот успех на нивните ривали кафеџилниците тие инстинкитивно мислеле како што им налагала уката, за цврстата сила на законот и жестоко го насочиле својот бес кон арапските бобинки“ (Извадок од „Вовед во кафето во Европа“, изд. Ориентал хералд, 1827 г.) Подоцна кафеџилниците повторно биле отворени

Во внатрешноста на кафеџилниците

Отоманскиот хроничар од 17-от век, Ибраим Печеви, напишал во врска со кафето: „Овие продавнички станале места за среќавање на кругови баратели на задоволства и безработници, но исто и на умните кои знаеле да читаа и пишуваат, и тие се среќавале во групи по околу 20 до 30 луѓе. Некои читале книги и убави текстови, некои биле зафатени играјќи табла и шах; некои носеле нови поеми и зборувале за литературата“. (Преведено од „Истанбул и цивилизацијата на Отоманската империја“ од Бернард Луис). Може да се претпостави дека овој вид на разговори исто така се воделе и во приватни домови, затоа што се сомневаме дека врвните владетели и богатите можело таму да бидат видени.

Галанд ја опишал инкогнито посетата на големиот везир Купрулу во главните кафеџилници, со цел да дознае што таму се зборува. (Галанд не детализира дека тој бил Купрулу Мехмед Паша, но се осврнува на овој настан дека се случил пред војната во Кандија – од 1648 до 1669 г.). Накратко, тој ја поврзува информацијата како анегдота која ја слушнал од некој друг). Таму „на негово големо разочарување“, тој слушнал како луѓето сериозно се жалат на случувањата во империјата, како ги обвинуваат министерствата и како зборувале за решавачките работи од најголема важност. Тој исто одел и во таверни, каде видел како луѓето пеат или збпоруваат само за нивните љубови или одењето во битки, а тоа биле воглавно војници, на кои тој не сакал да им ја расипе ваквата забава“. Но затоа на одредено време ги затворил кафеџилниците.

На крајот, немало начин отоманските власти повеќе целосно да ги затвораат кафеџилниците или пак да ги затвораат таверните или да го забранат тутунот. Овие продавнички подоцна се преместиле по малите сокачиња и во слепите улички. Плаќањето на лиценци и даноци на производите биле важен извор на приходи за владата, како што се и денес.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ