Рускиот производител на мобилни Јота официјално ја претстави новата втора генерација на својот смартфон под името ЈотаФон2.
Новиот модел има подобрени технички детали и нов подопадлив дизајн и како и неговиот претходник има Е-инк на задната страна.
Уредот во текот на декември ќе се најде во продажба во 20 европски земји по цена од 500 евра. Во 2015 година продажбата се очекува да се прошири во Азија, Канада и Јужна Америка.
ЈотаФон2 на предната страна има пет инчен АМОЛЕД екран со Горила Глас заштита, додека на задниот дел е 4,7 инчен е-инк екран.
Смартфонот работи на Снапдрагон 800 процесо со четири јадра, 32 гигабајти меморија и главна 8 мегапикселна камера. Оперативниот систем е Андорид 4.4 КитКат.