Јапонската фирма „Чеф Перф“ претстави прототип на нов додаток за телефони, кој на луѓето ќе им овозможи на пријателите да им испраќаат различни мириси.
Од компанијата предвидуваат дека оваа технологија најмногу ќе се користи за видео игрите и филмовите.
Додатокот „Сценти“ се приклучува на телефонот, а во понудата ќе се најдат различни мириси кои ќе можат да се менуваат по потреба.
– На пример сакате да му испратите порака на вашиот пријател кој е уморен. Тогаш можете со пораката да му испратите и смирувачки мирис, изјави Аки Јамаји од фирмата „Чеф Перф“.
Употребата на оваа направа е можна и во видео игрите, на пример при играње видео игри со пукање, корисникот би чувствувал мирис на барут.
Засега оваа технологија е компатибилна само за „ајФонот“, но од јапонската фирма најавуваат варијанта и за останатите смартфони.