Замрзнати јагоди најверојатно се причинителот на епидемијата на хепатитис А во скандинавските земји лани во октомври, покажуваат резултатите од испитувањето што го спроведе шведскиот Институт за заштита од заразни болести.
Во соопштението на Институт се наведува дека резултатите се вклопуваат во рамката на заедничката анализа на собраните податоци пред избувнувањето на епидемијата во Данска, Шведска и Норвешка.
Вкупно 44 случаи може да се поврзат со ширењето на заразата во нордиските земји, но се уште не е разјаснето од каде дошле заразените јагоди.
Вирусниот хепатитис А е акутна заразна болест со фекално-орален механизам на пренесување, од која најчесто заболуваат деца од предучилишна возраст. Вообичаено болеста има благ клинички тек и може да помине незабележливо, додека хроничната форма е исклучително ретка. Болеста речиси секогаш завршува без последици.