Романската актерка и манекенка, 32-годишната Мадалина Генеа е убавицата која ги „фати“ најпосакуваните фраери во светот.
На Филмскиот фестивал во Венеција, таа покажа поради што стана светска сензација.
Младата актерка која ја споредуваат со Софија Лорен, на црвениот тепих се појави во црвена раскошна креација, со висок шлиц.
Генеа зад себе има само неколку улоги во филм, а во медиумите ширум светот најмногу се појавуваше поради своите љубовни врски во кои беше последните неколку години, како и поради нејзиниот изглед.
Таа беше во врска со Џерард Батлер, Леонардо Дикаприо, како и со сегашниот партнер на Ирина Шајк.