„Златниот лав“ го доби филмот на Алмодовар, за многумина е крајно контроверзен

Од:

Доделувањето на наградата се одржа на 81. издание на Филмскиот фестивал во Венеција, а „The Room Next Door“ на Педро Алмодовар го освои Златниот лав за најдобар филм.

Овој филм е адаптација на романот “What Are You Going Through” од Сигрид Нуњез. Приказната е за писателката Ингрид (Џулијан Мур) која го обновува пријателството со Марта (Тилда Свинтон).

Марта, која се бори со терминален карцином на грлото на матката, сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе го земе апчето за евтаназија. Филмот неодамна беше премиерно прикажан во Сала Гранде, а публиката го награди тимот со громогласен аплауз кој траеше дури 17 минути.

Многу корисници на социјалните мрежи го сметаат филмот за крајно контроверзен бидејќи промовира евтаназија. Алмодовар, кој според многумина е еден од најдобрите шпански режисери, рече дека секој човек во светот треба да има опција за евтаназија.

Главното жири на 81-то издание на Венецискиот филмски фестивал го сочинуваа Изабел Ипер, Џејмс Греј, Ендрју Хај, Агњешка Холанд, Клебер Мендонча Фиљо, Абдерахман Сисако, Џузепе Торнаторе, Јулија фон Хајнц и Џанг Зији.

Големата награда на жирито отиде во рацете на „Vermiglio“ од Маура Делперо. Сребрениот лав за најдобар режисер му припадна на Брејди Корбет за филмот „Бруталист“. Деа Кулумбегашвили ја доби специјалната награда од жирито за филмот „Април“.

Мурило Хаузер, Хеитор Лорега се наградени за најдобро сценарио за филмот „I am stil here“. Никол Кидман го освои Купот Волпи за најдобра актерка за „Baby girl“. Волпи купот за најдобар актер му беше доделен на Винсент Линдон за „The Quite son“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ