Јапонската компанија „Фемили Романс“ нуди услуга за изнајмување пријатели, а наскоро ќе може да изнајмите и помлада сестра.
Компанијата не изнајмува деца, но за помлада сестра, тие можат да ви понудат возрасна млада девојка по цена од 135 американски долари за три часа дружење, пренесува порталот „Сора Њуз“.
Клиентите можат да поднесат и барања за возрастаот, изглед или карактерот. Еден од условите за изнајмување е клиентите да останат во јавност со своите „сестри“.
Иако идејата е бизарна, „Фемили романс“ е само една од низата вакви компании во Јапонија, чија работа е да ангажираат луѓе за одредени семејни и пријателски улоги.
Компаниите нудат сè, од состаноци за вечера до изнајмување придружба за погреб.